Поднесена интерпелација за Весна Дамева, член и екс претседател на Судскиот совет
Група пратеници од Собранието денеска до спикерот Африм Гаши поднеле документ со кој бараат интерпелација за работата на член на Судски совет.
Интепрелација се бара на Весна Дамева, член на советот и екс претседател.
„Интерпелацијата за работата на членот на Судскиот совет се поднесува, заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систен, односно судството во целина“, се вели во поднесокот од групата пратеници.
07.02.2025 - 16:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа