Пандовски од Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет

 

Новиот индекс на Транспаренси Интернејшнл е уште еден доказ дека е потребен сериозен ремонт во судството и обвинителството, оправдувајќи ја конкретно и владината иницијатива за разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Корумпираниот правосуден систем е директна причина што Македонија „падна“ за 12 позиции или 2 индексни поени во минатата година. Падот е причинет најмногу заради Судскиот совет, Академијата за судии и многуте афери со корумпирани судии. Ова го потврди директно и претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.

– Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.

Слична е состојбата, продолжи Пандовски и во Обвинителството, кое не е ажурно во гонењето на високата корупција и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во меѓувреме, опозициските медиуми весат за падот на Македонија ја насочија кон новата Влада, заборавајќи и замижувајќи на јасно предочените факти од директорот на Транспаренси Интернешнл Македонија за вината лоцирана во судството, ширејќи лажни вести  и тнародски кажано „терајќи ја водата на својата воденица“. Воденица која по укинувањето на УСАИД, ќе има сериозен проблем со финансирањето…

11.02.2025 - 13:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега