Кој е Дарко Голубовски-Кнеле од групата на Раде Штекли?
Дарко Голубовски-Кнеле е еден од уапсените со над 4 килограми кокаин во Скопје во акцијата на МВР. Тој е дел од групата на Раде Трајковски-Штекли, кој веќе извесно време се наоѓа во затворот Шутка во Скопје.
Кнеле се наоѓа во притвор под сомнение дека бил вклучен во трговија со дрога за познатиот нарко бос Штекли, а според информациите од ОЈО Скопје, по анализа на материјалните и видео докази собрани при претресите на 18 и 19 јануари, од слобода биле лишени две лица, меѓу кои и Голубовски.
МВР информираше дека се пронајдени и запленети 4 килограми кокаин.
- Во рамки на дополнително преземени оперативно тактички мерки и активности, а врз основа на увид и анализа на материјалните докази, обезбедени при реализација на криминалистичка истрага на 18 и 19.01.2025 година, за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во набавка и улична продажба на наркотични дроги, на 10.02.2025 беа пронајдени и обезбедени нови материјални докази, информираат од МВР.
Инаку, уапсениот Кнеле беше гостин во подкастот Лазаров каде говореше за себе и конекцијата со Штекли.
- „Пријател сум со Раде Штекли. Тој ми е другар, комшија. Неговата мајка, Бог да ја прости, почина во Милано, а учеше со татко ми. Тој е од Керамидница, рече тој при гостувањето.
Во подкастот зборуваше и за своите здравствени пробеми и вештачкото срце кое го имал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа