Слави Трифунов: Мицкоски не мрази нас Бугарите
Лидерот на партијата Има таков народ (ИТН), Слави Трифонов, се огласи на Фејсбук и ја искоментира изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за внесувањето на Бугарите во уставот.
- Навистина ми е доста од овие луѓе. Не можам да кажам дали сум лут или тажен. Овој Мицкоски е избран демократски. Живо се сеќавам како за време на изборите целата негова изборна кампања беше заснована на омраза кон нас Бугарите. Затоа го избраа. И тој сега зборува вака поради тие што го избрале. Бугарија прва ги призна како држава, и покрај целата наша историја, и покрај сета фикција што ја претставуваат, и покрај сите глупости што ги кажуваат против нас со години, па и наназад…Меѓутоа, таму има луѓе кои се чувствуваат како Бугари. А Бугарија е насекаде каде што живее макар и еден Бугарин. И има многу повеќе од еден. Многу, многу, многу повеќе. Мора да се грижиме за нив, да размислуваме за нив и да се грижиме за нив, напиша Трифунов.
Инаку, изјавата на Мицкоски која направи лавина реакции во Бугарија беше "суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои се декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа