ВИДЕО: Нарачала чанта од Тему и се шокирала кога го отворила пакетот: „Плачам“

 

На „Тик ток“ повторно се шири видео од 2024 година, во кое тик-токерката Сали покажа што добила кога нарачала црна торба од Тему. Кога пристигнал пакетот, таа била шокирана. Имено, наместо чанта со стандардна големина, таа добила минијатурна верзија која е помала од нејзината дланка, а глетката насмеа многумина. 

„Ме измами!“, напиша таа покрај видеото кое е прегледано 2,2 милиони пати, а во описот накратко додаде: „Плачам“.

„И мене ми се случи ова“, „Плачам од смеа“, „Само што ја нарачав истата чанта – веднаш ќе ја откажам нарачката“, „Не купивте чанта, купивте приврзок“, „Минатата недела добив мали чевли“, напиша тик-токерите, но некои коментираат дека можеби таа не го прочитала внимателно описот на производот.

 

@sallytp_01 I’m crying #fypシ゚viral #trendin #temudelivery #sallytp #tiktoksa #limpopotiktoker #2024 #viral #tiktok #newdancechallenge #newdancechallenge ♬ Oh No (Instrumental) - Kreepa

21.02.2025 - 22:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега