Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија

 


Најниска температура од  -7 степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 3 степени Целзиусови во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека -5 степени се измерени во Крива Паланка, -4 во Крушево, -3 во Виница, -2 во Штип, Маврови Анови и Попова Шапка, -1 во Претор, Прилеп, Кавадарци и Струмица, 0 во Скопје-Петровец, Тетово и Битола, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија и Велес.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка, а 8 сантиметри во Маврови Анови.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно, во делови од котлината со услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 7 степени. 

23.02.2025 - 11:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега