УХМР со најнова прогноза за следните денови
Следува период на променливо облачно време, до вторник со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места слаб снег. Како што информира УХМР, по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Утре ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -5 до 3, а максималните дневни од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе достигне 7 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа