Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ: Шпекулации и неточни наводи
Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од „Илинденска“ број 2.
Во владиното соопштението се наведува дека инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и е утврдено незаконско постапување.
-Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ. Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека остануваат посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа