Груби поседува „бомби“ за ДУИ кои му се подарок од Заев: Ќе почне ли поранешниот вицепремиер да го уценува Ахмети?
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој е во бегство поседува „бомби“ за раководството на ДУИ, а тие „бомби“ му се дадени токму од поранешниот премиер Зоран Заев, тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини.
Тој вели дека Груби е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери.
„Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот дека некогаш, во времето на бомбите, сите снимени разговори кои се однесуваа на ДУИ, вклучително и на Али, му беа предадени на Артан од Заев“, открива Хајредини.
Како што е познато, додава тој, во стотиците пуштени бомби не излегоа бомби за водачите на ДУИ, иако сите тврдат дека има многу, и дека се добро чувани во приватниот сеф на Артан Груби.
„Со нив може да уценува и да сее страв“, пишува Хајредини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа