Маркетите мора цените да ги објавуваат на интернет страниците – стапуваат на сила измените на Законот за заштита на потрошувачи
Маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на сите производи, јавно, на интернет страниците. Ова го наложуваат измените на Законот за заштита на потрошувачите, кои се усвоени од пратениците.
Законските измени гласат: (1) Мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало, согласно со Националната класификација на дејностите, должен е на својата веб страница да ја објави, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нуди за продажба. (2) Ажурирањето на цените од ставот (1) на овој член се врши на дневна основа“.
Законот нема да се однесува на микро и трговците-поединци, а трговците кои имаат повеќе од продажни објекти ќе треба да ги објавуваат цените поединечно за секој од нив.
„Ваквото законско решение се очекува да доведе до фер конкуренција и пониски цени, особено во секторот на прехранбени производи, при што ќе може да се направат и апликации и веб-страници кои ќе им овозможат на потрошувачите да ги споредуваат цените помеѓу различните трговци на мало“, посочи Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа