„Единствениот победник од дебаклот меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон е Русија“

 

Конфликтот што денеска го видовме во Овалната соба совршено го одразува влогот што е во прашање за Володимир Зеленски и неговата земја, пишува Би-би-си“.

„Овде не се работи само за минерали и пари. Овде се работи за три години крвава војна која Украинците не сакаат да бидат залудни. Станува збор за опстанок на Украина во услови на егзистенцијална војна која го загрозува нејзиното постоење. Требаше ли Зеленски да остане помирен? Можеби, но украинскиот лидер ја носи оваа војна како дел од својот политички багаж, и јасно е дека предлогот поврзан со минерали не беше толку примамлив за Киев како што мислеше Вашингтон. За Украинците, секој прекин на огнот без гаранција од САД дека ќе помогне ако повторно избие војна, нема да вреди како договор или компромис“, пишува британскиот јавен сервис.

Загрижувачки знак беше кога Зеленски, соочен со речиси координиран напад од американскиот претседател и потпретседател, ги прекрсти рацете во одбранбена позиција. Ова е знак дека сегашната американска администрација навистина не се соочува со реалноста на војната и цената што Украина ја плати, а Зеленски мораше да го потсети Трамп на годината кога започна војната.

Видливото влошување на односите меѓу сојузниците беше тешка и шокантна глетка. Прашањето е: Што ќе прави сега Доналд Трамп? Дали САД реално ќе ѝ помогнат на Украина или ќе продолжат немилосрдно да инсистираат на договорот за минерали без американски безбедносни гаранции? Можеби денес беше моментот кога Трамп ги прекина врските со Украина или самиот Зеленски, кој претходно изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку тоа е цената за мирот.

„Во секој случај, ваквиот развој на ситуацијата најмногу му користи на оној што ја започна оваа војна, а тоа се Владимир Путин и Русија“, пишува „Би-би-си“.

28.02.2025 - 23:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега