Штипјанец со туѓа картичка испазарил повеќе од 20 пати
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Л.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 06.12.2024 до 10.12.2024, пријавениот неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциската сметка од банка на лице од Штип, при што неовластено ги прибавил неговите податоци и подоцна ги употребил податоците и со неговата картичка извршил 21 успешна трансакција на 13 продажни места во Штип и Радовиш, како и четири неуспешни трансакции.
Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 24.370 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа