Калифорнија се тресе: Земјотрес во Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Калифорнија, јавува EMSC.
Земјотресот го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес во 22.13 часот по локално време на длабочина од 15 километри.
Земјотресот е регистриран на 16 километри од Лос Анџелес.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
03.03.2025 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа