Го барале со потерница - Македонската полиција го однесе во Идризово
Македонската полиција приведе криминалец кој се барал со потерница. Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во 16.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 36-годишниот Е.Б. од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа