(ВИДЕО) Плачат пејачи, актери, водители: Погребот проследен со потресни говори и громогласен аплауз за Саша Поповиќ
Легендарниот креативен директор на „Гранд“ Саша Поповиќ денеска беше погребан на Бежанијските гробишта во Белград.
Стотици луѓе, вклучувајќи бројни познати личности, соработници од светот на медиумите и телевизијата, пејачи, водители, актери, политичари присуствуваа на емотивниот погреб, кој беше проследен со потресни говори и громогласен аплауз за починатиот.
Погребот следеше по комеморативен собир во чест на Поповиќ, кој почина на 1 март на 70-годишна возраст.
Видео од настанот објави ТВ Пинк.
06.03.2025 - 16:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа