Тешко повреден кичевчанец, со четирицикл излетал од пат
Вчера во 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Н.Р.(33) од кичевското село Зајас, управувајќи четирицикл на шумски пат помеѓу кичевските села Кнежино и Крушино, излетал од патот.
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
10.03.2025 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа