Пожар среде ноќ во Кисела Вода: Едно возило целосно изгоре, седум делумно зафатени

 


Денеска во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје.

Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки.

Од екипа на Брогадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен. 

10.03.2025 - 16:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега