„За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип, прерано го напуштивте овој свет“, напиша градоначалникот на Штип
Петмина штипјани загинаа, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по страшниот пожар во дискотеката во Кочани, информираше на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
„За моите пријатели, соработници, познаници… За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип. Прерано го напуштивте овој свет, во кој што творевте, создававте и летавте низ убавините на животот“, напиша градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
„Нашиот град ќе ве памети по индивидуалната харизма, а трагедијата поради која прерано не‘ напуштивте ќе ни остави траен белег за вашето постоење.
Моја должност и должност на сите нас ќе биде да се бориме против системот и против се‘ она кое го предизвика ова! Давам ветување за искрена борба против неправдата која ви беше нанесена. Моето срце засекогаш ќе ве памети!“, додаде тој.
Книга на жалост е поставена во холот на зградата на општина Штип, како и на градскиот плоштад „Слобода“, каде што од синоќа се палат свеќи пред сликите на починатите од Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа