Сме стигнале до 43.000 денари просечна плата во Македонија
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.
ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.6 проценти, Преработувачка индустрија за 11.5 проценти и за Образование 11.4 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 3.9 проценти и Преработувачка индустрија за 2.5 проценти.
Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 634 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа