(ВИДЕО) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника го прекина интервјуто

 


Моментот на земјотресот во Истанбул со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше снимен во емисија во живо. На видеото се гледа како новинарката ја фаќа паника и го прекинува разговорот со гостите, кои се приклучени преку видеоврска.

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција АФАД.

Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12.49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област што се наоѓа на 80-ина километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 километри, соопшти АФАД.

Турската телевизија ТГРТ јавува дека едно лице е повредено кога скокнало од балкон за време на земјотресот.

АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.

По првиот земјотрес, Турција беше погодена од серија помали, но сепак силни земјотреси со јачина од 5,0, 2,6, 4,3, 4,5 и 5,0 степени.

Засега нема извештаи за уривање згради.

23.04.2025 - 13:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега