ВМРО со осуда за запалената куќа на Пандов: Ова е обид за заплашување и замолчување
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваат на итна и брз реакција од страна на институциите.
- Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат. Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата. Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна, велат од партијата.
Владејачката партија во соопштението до јавноста додава дека времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа