Маж со нож се шеташе и закануваше по Широк Сокак – полицијата веднаш интервенираше

 

Попладнево на главната улица Широк Сокак во Битола се случи вознемирувачки инцидент, откако непознат маж се појави со нож во рака и се однесувал заканувачки кон минувачите.

Случајот предизвика паника меѓу граѓаните кои се затекнале на улицата во тој момент.

Екипа на ТВ21 се најде на лице место и го пријави инцидентот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека лицето е приведено и однесено во полициска станица каде што ќе се работи на утврдување на неговиот идентитет и мотивите зад овој опасен чин.

„Лицето е пронајдено и приведено, се врши спровод до ПСОН Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на оружјето и оштетениот“, велат од МВР.

09.05.2025 - 18:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега