ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Ја злоупотребувате болката на семејствата од Кочани за политички поени
Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, а соопштението ви го пренесуваме во целост:
СДС да не прави политички маркетинг од трагедијата во Кочани.
Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС.
Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани.
Лицемерни и срамни се фејзбук статусите на Филипче да глуми загрижен и пишува статуси за трагедијата во Кочани додека одмара на песочните плажи со парите на народот.
СДС да не прави политизација на трагедијата во Кочани, и да не се обидува да печали политички поени врз туѓата несреќа.
Предлог-закон на СДС е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка.
Предлог законот на СДС за Кочани експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии.
СДС да не обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политизација и злоупотреба на трагедијата во Кочани преку лошо напишани закони, неусогласени и политички мотивирани закони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа