Нов голем пожар на Евија
Нов пожар избувна на грчкиот остров Евија, овој пат јужно од подрачјето на кое претходно избувна големиот пожар, кој и понатаму е активен, пренесува АП.
Грчките пожарникари соопштија дека четири авиони за гаснење на пожари и шест хеликоптери беа испратени за контрола на новиот пожар во централниот дел на Евија, заедно со 23 пожарникари и 10 возила.
Премиерот Киријакос Мицотакис вчера ја опиша состојбата како најголемата еколошка катастрофа во историјата на Грција. Грција во изминативе недели е погодена од силни пожари, а најлошо е токму на островот Евија.
13.08.2021 - 20:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа