Нова програма на СДСМ за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра!

 

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија.
 
Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра.
 
Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.
 
Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите.
 
Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%.
 
Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат.
 

 

Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, за достоинствен живот за пензионерите“, велат од СДСМ.
25.03.2024 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега