Од автомобил покажувал „двоглав орел“ во Ниш: Кривична против македонски државјанин
Нишката полиција ќе поднесе кривична пријава против државјанин на Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, јавува дописникот на МИА од Белград.
Тој се товари дека додека бил на совозачкото место за време на движење на возилото, го отворил прозорецот од автомобил со швајцарски регистарски ознаки и се однесувал несоодветно кон друго лице во сообраќајот, така што со свиткани раце во форма на двоглав орел алудирал на националистички симболи.
Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Ниш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа