Од денеска нови правила за влез во угостителските објекти во Грција
Грчките власти најавија стапување во сила на новите безбедносни правила за угостителите од 16 јули до 31 август и предупредија дека инспекциите ќе бидат чести и строги.
Казните ќе се движат до 10.000 евра и ќе значат затворање на барот до 60 дена, пишува новинската агенција АНА.
Затворените угостителски објекти имаат дозвола да примаат гости под услов да седат и да имаат доказ дека биле вакцинирани или дека нивниот тест (PCR) е негативен.
Децата можат да влезат во угостителски објекти доколку ПЦР тетот е негативен.
Работодавците и во приватниот и во јавниот сектор ќе имаат право да ги прашаат вработените дали биле вакцинирани и ќе има поставено знаци кои покажуваат дали вработените во компанијата биле делумно или целосно вакцинирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа