„Омикрон“ тропна и на вратата во Грција: Властите го регистрираа првиот случај
Новиот загрижувачки сој Омикрон, тропна на вратата и во Грција, информираше грчкиот министер за здравство, Танос Пелврис.
Првиот случај е регистриран кај човек којшто се вратил од патување во Јужна Африка.
Дали Омикрон се движи со брзина поголема од очекувањата? Одредени доктори во нашата земја предвидoа дека овој сој ќе стигне во Македонија за еден месец. Но, дали постои можност овие предвидувања да се грешни, бидејќи веќе еден случај е регистриран во нашето соседство?
Во секој случај, СЗО се уште прибира информации за овој нов сој на вирусот, па оттаму информираа дека со официјални информации ќе излезат во текот на наредните денови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа