Откриен нов картел, овој пат во осигурителниот бизнис – вклучени 10 компании

 

Нов картел, овој пат во осигурителниот бизнис, е откриен во Македонија од страна на Комисијата за заштита на конкуренција.

Како што велат, по барање од страна на Министерството за финансии, започната е постапка против 10 осигурителни компании поради постоење на основи на сомневање дека истите се здружиле во картел кој е директно на штета на граѓаните и стопанството.

Од таму додаваат дека овие компании во месец април 2024 година преку усогласено однесување ја зголемиле продажната цена на премијата односно процентот за вршење на дејноста на осигурување (режиски додаток), што е дел од премијата за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица и задолжително се плаќа при регистрацијата на моторни возила.

Комисијата вели дека извршиле низа увиди во службените простории, вклучително и во нивната меѓусебна комуникација при што се пронајдени докази дека одлуката за зголемување на цените на премијата за автоодговорност е донесена како резултат на усогласено однесување – картел.

Доколку по завршување на прекршочната постапка сепак се утврди постоење на ваков прекршок, овие десет компании ќе бидат казнети.

04.03.2025 - 18:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега