Велковски од Градско: Го подобруваме системот за социјална заштита

 

Во посета на Општина Градско деенска беше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Како што попладнево информира градоначалникот на Градско, Киро Нацков, тие споделиле идеи и размениле добри практики, со цел да го подобрат системот за социјална заштита во општината.

Тој посочи дека  заменик министерот Велковски во текот на денот  се сретнал со претставници од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, ги посетил двата мали групни дома во Градско, се запознал со дечињата и вработените од детската градинка „Кокичиња“ и разговарал со пензионерите од  општината  за проблемите и потребите со кои се соочуваат.

Далиборка Златева претседател на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености-Велес, велид ека при посетата, заменик министерот Велковски се сретнал со вработените асистенти и негуватели членки на оваа здружение. Таа вели дека  на Велковски му ги презентирале  трите социјални услуги: живеење со поддршка, помош и нега во домот и лична асистенција.

-Нашата организација е лиценциран давател на социјални услуги и моментално на територија на Општина Градско има вкупно вработено 26 негувателки и лични асистенти. На територија на Општина Росоман има вработено шест негувателки и координаторка на социјалната услуга - помош и нега во домот, појасни Златева.

Таа  се заблагодари на  поддршка што малите групни домови ја добиваат од  Министерството за социјална политика, демографија и млади

04.03.2025 - 19:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега