Падна одлука: Граѓаните ќе може да симнат градоначалник од функција
Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес, пред почетокот на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, рече дека, според распоредот по кој се раководат, измените на законот треба да бидат изгласани пред изборите.
Нашиот опсег на активности предвидува целиот овој консултативен процес со адаптацијата на предлог-измените на Законот за локалната самоуправа да заврши до крајот на март и потоа да влеземе во консултации со сите парламентарни политички партии. Да отвориме и таму една дискусија за да ги презентираме работите што сакаме да ги имплеметираме во новото законско решение. Очекувањата се дека од следните локални избори изменетиот Закон за локалната самоуправа ќе биде применлив“, рече министерот Перински.
На првата консултативна средба за измените на Законот за локалната самоуправа, која се одржа во Битола, Перински потсети дека разговарале технички за степенот или можноста за отповикување градоначалник и за процентуалниот удел на граѓанските иницијативи за да се влезе во фаза на референдумско изјаснување. И на денешната средба, која се одржува во Штип, ќе се разговара за трите постулати за измена на законот, кои, според Перински, се референдумска можност за отповикување градоначалници како единствени функционери кои сега не може да бидат отповикани, воведувањето комунална полиција и поголемо учество на граѓаните во работата на општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа