Пожарот во старскиот дом е локализиран, корисниците евакуирани

 

Пожарот е локализиран, корисниците евакуирани, информираат од домот за стари лица ,,Доктор Јанески", откако утринава пожар изби во објектот во кавадаречкото село Чемерско. 

-Пожарот што го зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општа болница, каде ќе останат неколку дена, соопштија од Домот.

Оттаму упатија голема благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, противпожарната служба, итната медицинска помош,  директорката на болницата и сите што помогнале за сите корисници на услугите во домот, за кои сега бил обезбеден престој со истата услуга, во хотел во Кавадарци. 

20.01.2025 - 13:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега