Паника во Сплит: Евакуирани 250 лица по дојава за бомба
Утрово било пријавено дека во зградата на Жупанскиот суд во Сплит била поставена бомба, по што морале сите да бидат евакуирани.
Дојавата за бомба пристигнала во 8.45 часот, по што биле евакуирани 250 лица од зградата.
-На лице место службеници од противексплозивна заштита ќе направат увид, изјавиле од полицијата.
02.06.2022 - 11:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа