Петков одговори на уцената од Трифонов: Подготвени сме да водиме малцинска влада

 

Бугарскиот премиер Кирил Петков одби да се потчини на уцените од лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов.

 

Петков му одговори на Трифонов дека ќе води малцинска влада наместо да дозволи некој друг да го контролира.

„Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор“, кажа Петков.

Трифонов претходно кажа дека има две причини за повлекување од коалицијата, а тоа се Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

08.06.2022 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега