Потполно уништен луксузен автомобил: Исплашени од ротационите светла, момчињата побегнале- искршено Ламбурџини остана крај патот во Крагуевац

 

Несреќата во која беше целосно уништен луксузен автомобил „Ферари“ се случи рано утрово во Крагуевац.

Како што беше објавено на социјалните мрежи, а во автомобилот со странски регистарски ознаки наводно имало неколку млади момчиња.

Се претпоставува дека се исплашиле од ротацијата на брзата помош која била зад нив, па помислиле дека станува збор за полицијата и побегнале, пишува Објектив.

Очевидци велат дека се движеле брзо, а се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото, кое удрило лево и десно во банкините се додека не запре.

Младите момчиња после тоа наводно го напуштиле местото на несреќата и го оставиле уништениот автомобил на патот. Предното тркало е пронајдено на стотина метри подалеку.

18.06.2021 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега