Позната е причината за пожарот во Сливен во кој загинаа тројца пациенти

 

Запалена цигара е причината за пожарот во ковид одделението во болницата во бугарскиот град Сливен, соопшти директорот на болницата, Пенко Пенков. Во пожарот што се случи синоќа загинаа тројца пациенти.

-Почнал веројатно со запалка, пушел цигара еден од пациентите, концентрацијата на кислород во собата била голема, собата била затворена, избувнал пожар, изјави Пенков.

Во пожарот нема повредени медицински лица и пациенти од другите соби. Ковид пациентите се преместени во други одделение во болницата.

14.11.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега