Прогласена вонредна состојба за јавното здравје во Калифорнија
Американското Министерство за здравство и социјални услуги (ХХС) прогласи вонредна состојба за јавното здравје во сојузната држава Калифорнија за да одговори на здравствените проблеми предизвикани од тековните пожари во округот Лос Анџелес.
Бројот на загинати во пожарите што изминатите денови ја зафатија областа Лос Анџелес денеска се искачи на 10.
Во пожарите изгореа повеќе од 10.000 објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја.
Наредена е евакуација за околу 179.000 луѓе.
10.01.2025 - 22:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа