Радев би можел преку референдум да го праша народот дали да се тргне ветото за Македонија

 

Бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека нема услови за негова посета на Франција, каде што треба да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и да зборуваат за укинување на ветото за преговорите на Македонија со ЕУ.

Радев кажа дека последна инстанца секогаш е народот и порача дека секогаш постојат уставни механизми за негово консултирање, па така најави дека би можеле да организираат референдум за прашањето за ветото.

Досега единствена бугарска партија која побара референдум е опозициската ВМРО-БНД.

01.06.2022 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега