Рама: Албанскиот народ никогаш не се откажа од европскиот сон

 

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Албанија е свесна дека ова не е почеток на крајот, туку крај на почетокот. Според него, ова е потребно за да се гради силна, демократска Албанија и отворен Западен Балкан.

„Таа знаеше да се бори за сите земји членки и за нас, кои се стремиме да бидеме членки. Сакам да се заблагодарам и на германската дама која не работи, а без која немаше да бидеме тука, Ангела Маркел. Немаше да бидеме тука и без напорите на француското претседателство, без Емануел. Тоа го просведочивме, видовме како се дојде до деблокирањето на една апсурдна ситуација. Голема благодарност и до албанскиот народ кој никогаш не се откажа, не се откажа од својот сон да чекори по тој европски пат и благодарејќи на кој останавме силни и покрај три мошне сложени години“, кажа Рама.

Тој рече дека и покрај трите сложени години во кои одбивањето од Советот, земјотресот, пандемијата, војната кои создадоа бура, тие останале силни.

19.07.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега