Ребека распали на Фејсбук: Знаете ли вие колку хумани дела имаат зад себе Панчо и Андреј

 
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски се огласи на Фејсбук откако вчера на прес-конференција, министерот Панче Тошковски кажа дека ДНК сами ја донеле пиротехниката во дискотеката Пулс, каде загинаа 59 лица, а стотина останаа повредени.
 
- Огромна почит и сочувство до семејството. Знаете ли вие колку хумани дела имаат зад себе Панчо и Андреј!!!!? Тие се наши ѕвезди и однесувајте се така кон нив во овие кревки моменти. Нештата ќе се расчистат. Прв пат слушам бенд, пеач да носи пиротехнички материјали!!? Можеби...Не знам, но таму и претходно имало забави со пиротехнички материјали. Не ми се верува дека сите сами си ги носеле и од Србија, напиша таа.
 
Таа претходно се огласи и за состојбата на Панчо од ДНК.
 
- „Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 гоедини. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот. Панчо мил, Те молам не се предавај!!!, напиша таа.
 
Инаку, вчера на прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, рече дека пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.
 
18.03.2025 - 08:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега