Сајкоски: Со инвестиција од над 6 милиони денари реализиран проектот на ВМРО-ДПМНЕ, патека која Долно Оризари го поврзува со Битола

 


Поврзувањето на руралните и урбаните средини е многу важно за сите граѓани на една општина, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Патеката која води кон Долно Оризари е проект кој граѓаните многу години наназад го бараат а сега конечно е реализиран од локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочи Сајкоски.

„Со инвестиција од над 6 милиони денари имаме прекрасно уредена и осветлена патека која Долно Оризари го поврзува со Битола. Ја зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот а пред се на младите луѓе кои често поминуваат во овој дел.

Но уредувањето продолжува во внатрешноста на населеното место затоа што сите наши граѓани заслужуваат да живеат во инфраструктурно уреден простор.

 

Токму затоа тука веќе се работи на подобрување на патната инфраструктура што е наша тенденција и во понатамошниот период за сите рурални средини“, нагласи Сајкоски.

08.04.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега