СДСМ: Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт

 

ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави.
 
Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт.
 
Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.
 
Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии.
 

 

Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси“, велат од СДСМ.
25.03.2024 - 08:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега