СДСМ: ВМРО ги ускратија семејствата од Кочани од заслуженото
Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Ова го велат од партијата, а соопштенито ви го пренесуваме во целост:
Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од правична и заслужена поддршка.
Еве што точно одбија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:
*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета
*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен
*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт
*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии
*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака
*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор
*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година
*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата
*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место
*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет
*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите
*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа