Се „тресе“ Хрватска: Постои сомнеж за трговија со органи во клинички центар во Загреб

 

Хрватското министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Загреб, поради сомнеж за трговија со органи во 2019 година.

ХРТ објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, односно биле лица кои имале понизок социјален статус.

Предметот е предаден во Хрватската лекарска комора поради кршење на Кодескот, а потоа и во Државното правобранителство, а сега се води истрага.

„Сите преземени активности и процедури се идентични со процедурите што се спроведуваат во сите други центри за трансплантација во Република Хрватска каде што се извршени трансплантации на бубрези од жив несроден дарител“, се вели во соопштението што го пренесе телевизијата „Н1“.

Во Хрватска е дозволена трансплантација на органи од живи несредодни донатори, но имаат посериозни контроли, сепак програмата е прекината привремено.

08.06.2022 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега