Со мотоцикл удрил во овци: Тешко повреден маж од Неготино

 


Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12.30 часот на локален пат село Дрен - село Чифлик, општина Демир Капија, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од А.Б.(48) од Неготино, удрил во овци.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во општа болница Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

10.03.2025 - 16:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега