Србија објави оглас за доброволно служење воен рок

 

Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Србија на возраст од 19 до 30 години кои сакаат да ја облечат униформата на Војската на Србија да се пријават за доброволно отслужување на шестмесечен воен рок со оружје. 

 Повикот за аплицирање е отворен во текот на целата година, а пријавувањето за декемврискиот воен рок трае до крајот на ноември, јави дописникот на МИА од Белград.

Младите мажи и жени кои ќе одлучат доброволно да го отслужат воениот рок во Војската на Србија, покрај можноста за стекнување нови вештини, ќе се запознаат со современото вооружување и воена опрема, ќе добиваат и месечна плата во износ од околу 38.000 динари (324 евра), ќе им биде обезбеден надомест на патни трошоци, здравствено осигурување, сместување, храна, како и воена облека и обувки.

14.11.2022 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега