Страшна сообраќајка кај Пирот: Бегал од полиција, па се превртел – двајца загинати, 20 повредени
Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 23 часот во Пирот загинаа две лица, а 20 се повредени откако се преврте комбе.
Полицијата го уапсила Д.М. (1982) од Белград, поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај и криумчарење луѓе.
Во полицискоот соопштение се наведува дека комбето со цел да избегне полициска контрола, со неприлагодена брзина удрило во столб и се превртело.
Во комбето се наоѓале 22 лица за кои било утврдено дека биле мигранти. Почина две лица, а четири се тешко повредени. Меѓу вкупниот број 20 повредени, најголем дел се малолетни лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа