Тошковски: Има 196 повредени, обдукцијата на загинатите во пожарот е завршена

 


Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На прес-конференцијата Тошковски рече дека во трагичната несреќа се повредени вкупно 196 лица. Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство.

18.03.2025 - 16:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега