Трагедија во Србија: Свекор си ја застрелал снаата, а потоа себеси
Џемо Еминовиќ денеска околу 15 часот ја застрелал неговата снаа Зумрета, а потоа и себе пред семејниот дом.
Нејзиниот маж е во странство во моментов на привремена работа, а свекрвата во моментот на трагедија била во нива.
Соседите откриваат дека Џемо неодамна се вратил од болница, каде што имал операција, а наводно имал и психички проблеми.
По повик на соседите пристигнала полицијата откако се слушнале истрелите, по што и брзата помош.
30.05.2022 - 18:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа