Тргнала да прави појадок, а во мијалникот ја чекало непријатно изненадување - жена фатила змија долга 2 метри во Црна Гора

 

 Црногорецот Ивица Злопаша го објави видеото и накратко објасни што му претходело на видеото, што може за некого да биде непријатно за гледање.

„Утрово, кога жената отиде да направи појадок, пронајде змија во мијалникот“, напиша Ивица.

Станува збор за „четирипругаст смок“ што не е отровн и обично го убива својот плен, обвивајќи се околу него и давејќи го.

Овој вид е присутен во медитеранските и подмедитеранските области на централна и јужна Италија (со исклучок на Сицилија), како и на Балканот. На Балканот, се протега од Словенија на југ, по должината на медитеранскиот брег (вклучувајќи и некои острови), сè до поголемиот дел од Албанија, Македонија (претежно низински области), јужна Србија, Црна Гора и Грција. Се протега од нивото на морето до 2500 мнв. Се смета дека е автохтон вид во сите овие земји, вклучително и во Босна.

Во продолжение погледнете го и видеото:

30.06.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега